Здраво. Јас сум Ивана Крстеска, бруцош на Високата школа за новинарство и односи со јавноста во Скопје на насоката новинарство. Зошто баш новинарство? Од причина што секогаш прв ги дознаваш настаните и постојано си во тек со нив. Активна работа на која треба максимално да и се посветиш. А како на работата ветувам дека така ќе се посветам и на предметот Мултимедија и онлајн новинарство и редовно ќе ги завршувам обврските. Иако повеќето беа против професијата која ја одбрав и од ден на ден се повеќе се обидуваа да ме разубедат, не го дозволив тоа бидејќи новинарството претставуваше предизвик за мене. Предизвик кој се повеќе те навлекува и едноставно не ти дозволува да излезеш од оваа професија. Благодарение на праксата која ја обезбедува школата уште во првиот семестар видов како е да си дел од екипата на Радио и ТВ. Се читаме наскоро, со нешто ново...
Поздрав :)